Анчевска: Историски најниско ниво на невработеност од 15.9 проценти

Марина Анчевска од СДММ даде изјава која ја пренесуваме во целсот:

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку успешните економски мерки обезбеди пад на невработеноста на историски најниско ниво.

Денес, стапката на невработеност е на историски најниски 15,9 отсто. Истовремено, драстично е намалена и младинската невработеност. Денес, таа изнесува 29 отсто, што е многу пониско од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше 42 отсто.

СДММ и СДСМ континуирано креираат мерки и можности за младите во нашата држава. Го поттикнуваме вработувањето со Оперативниот план и Гаранцијата за млади, преку неповратни средства за млади земјоделци, поддршка за младите лекари, а истовремено го унапредуваме и ученичкиот и студентскиот стандард.

ВМРО-ДПМНЕ не го слушаше гласот на младите, мислеше само на наместени тендери, провизии, на полнење на своите џебови со народите пари, додека младите масовно се иселуваа во потрага по подобар живот.

Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење. Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а на ВМРО-ДПМНЕ му претстои нов пораз од граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот