Анчелоти во Англија на преговори со Евертон!

фото:твитер

Италијанецот минатата седмица доби отказ во Наполи, иако оваа екипа успее да ја однесе до осминафиналето во Лигата на шампионите.

На клупата на „наполитанците“ во чии редови настапува нашиот Елмас седна поранешната ѕвезда на Милан, Џенаро Гатузо кој дебитираше со пораз.

Анчелоти (60) е главен кандидат за клупата на Евертон кој неодамна се раздели со Марко Силва. „Карамелите“ му нудат договор до 2022. година дознава „Газета дело Спорт“.

Успешен дел од својата тренерска кариера ја помина во Англија каде што го тренираше Челзи од 2009 до 2011 година. Со лондонските „сини“ успеа да освои три трофеи: Премиер лига, ФА Куп и Комјунити Шилд.

Претходно ги водеше уште Реал Мадрид и Баерн Минхен. Евертон е моментно дури на 16. место на табелата, со само пет победи во 17. одиграни кола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот