9 C
Скопје

Анчелоти создава моќен Евертон, за еден ден договори три засилувања

Навивачите на „синиот“ дел од Ливерпул се во транс по денешниот ден.

Карло Анчелоти кога кон крајот на минатата година го прифати предизвикот да седне на клупата на Евертон, изјави дека ќе стори се за тимот да излезе од сенката на далеку попознатиот градски ривал Ливерпул.

Евертон минатата сезона ја заврши на 12. позиција но за претгстојната сезона амбициите се далеку поголеми, а денешниот ден измами насмевки кај навивачите.

Англиските медиуми во текот на денот објавија дека Анчелоти постигна договор со поранешните екипи кои ги тренираше, Наполи и Реал Мадрид, и на „Гудисон парк“ да ги донесе Алан и Хамес Родригез. Бразилецот Алан ќе биде платен 25 милиони евра, додека Реал Мадрид за Родригез ќе инкасира 30 милиони евра.

Во вечерните часови дојде потврда дека Евертон и Анчелоти постигнаа договор со Вотфорд за трансфер на Абдулаје Дукуре.
Евертон се согласи да плати 22.5 милиони евра плус дополнителни 2.5 милиони во бонуси за Дукуре кој ќе го засили средниот ред.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Македонија има една победа против Русија на Мундијалите!

Со новите тројца играчи Алан, Хамес Родригез и Дукуре како и староседелците Андре Гомеш, Гулфи Сигурдсон, Ричарлисон, Бернар и Доминик Калверт-Луин, Евертон делува моќно и се очекува екипата да се бори за место во европските купови бидејќи засега титулата во Премиер лигата покрај силните Ливерпул, Манчестер сити, Челси и Манчестер јунајтед е преголем предизвик.

Поврзани вести

Енис Барди на терените во „Ла Лига“ после скоро три месеци!

Слободен печат

СП: Ремизираа Шведска и Словенија, пеколна борба за четвртфинале

Слободен печат

ВИДЕО: Шок за „армејците“, Барса пресилна за Црвена звезда!

Слободен печат

Љафтов: Со успехот ќе придонесеме за афирмирање на одбојката, но и целокупно на спортот во Македонија!

Ракометен скандал на СП: Нè гледаа како вирус, како животни, тоа е расизам!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичен Македонецот, Тричковски со хет-трик за 22 минути игра!

Слободен печат

Остави Коментар