Анчелоти се врати во Реал: Со атрактивен фудбал во напад на сите трофеи

epa09241637 (FILE) Real Madrid's Italian head coach Carlo Ancelotti holds the winner trophy during an event to celebrate their win in the UEFA Champions League held at Santiago Bernabeu stadium in Madrid, Spain on 25 May 2014 (re-issued 01 June 2021). Real Madrid announced on 01 June 2021 Italian coach Carlo Ancelotti as new head coach of the team. Ancelotti returns to Real Madrid after managing the club between 2013 and 2015. EPA-EFE/Javier Lizon

Карло Анчелоти вечерва и официјално беше претставен како нов тренер на Реал Мадрид.
Италијанецот на промоцијата пред новинарите истакна дека му претставува големо задоволство што повторно се враќа во Мадрид и најави дека целите ќе бидат највисоко, а притоа екипата ќе игра офанзивен и атрактивен фудбал.

Анчелоти по шест години повторно се врати на клупата на Реал Мадрид со кого потпиша тригодишен договор откако Зинедин Зидан ја напушти клупата.
Интересно е што кога Анчелоти во 2015 година си замина од Реал Мадрид беше наследен токму од Зидан, а сега ситуацијата е обратна.

– Карло Анчелоти не е истиот Карло од пред шест години, имам поголемо искуство. Се чувствував добро во Евертон, но и негативното искуство ви помага да напредувате. Да се тренира Реал е преубава одговорност, тоа е најголемиот клуб на светот и затоа е нормално да се има поголема одговорност. Ја прифаќам одговорноста и ќе работам како што работев во минатото, имам квалитетен тим со многу искусни играчи како Бејл, Крос, Модриќ, Бензема, Рамос, Родриго, Винисиус, Валверде…. – се првите зборови на Анчелоти во вториот мандат на клупата на Реал Мадрид.


Италијанецот е свесен дека целите на Реал Мадрид се највисоки и најави дека ќе атакува на единствениот трофеј кој не го освои во првиот мандат, тој за шампион во Ла Лига.
– Сите знаат кои се целите на Реал, да се освојат титулите во Ла Лига, Лигата на шампионите и кралскиот Куп. Нормано е дека ќе има и критики бидејќи ова е најпопуларниот клуб на светот. Да се тренира најголемиот клуб на светот носи голема одговорност и понекогаш работите нема да одат во посакуваната насока. Но, најважна работа е да се почитуваат другите, тренерите, играчите, новинарите – вели Анчелоти кој вети дека неговиот Реал ќе игра офанзивен и атрактивен клуб.

– Традицијата на Реал Мадрид е да игра спектакуларен фудбал. Во последните години фудбалот се промени, стана поагресивен и поорганизиран,  а исто така се променија и некои правила. Но, во Реал секогаш е исто: офанзивен и атрактивен фудбал е тоа што историјата и навивачите го бараат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот