Анчелоти се повеќе верува во Елмас (ВИДЕО)

Елиф Елмас за прв пат како фудбалер на Наполи беше дел од првиот тим на италијанскиот тим потврдувајќи дека тренерот Карло Анлелоти има се поголема доверба во неговите квалитети.

Македонскиот репрезентативец во третото коло од Серија А, беше стартер за Наполи кој со 2:0 ја победи Сампдорија. Елмас на теренот беше се до 75. минута кога беше заменет со капитенот Лоренцо Инсиње. Головите за Наполи ги постигна Дрис Мертенс  во 13. и 67. минута.


Шампионот Јувентус одигра без голови на гостувањето кај Фиорентина и лидерската позицијата на табелата му ја препушти на Интер со 1:0 го совлада Удинезе во чиј тим, Илија Несторовски, целиот натпрервар го преседе на клупата за резерви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот