Анчелоти по шокантниот пораз од Шериф: Тешко е да се објасни

Реал Мадрид влезе во серија на лоши резултати/Мадрид, Шпанија/фото: EPA-EFE/Juanjo Martin

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека сите во клубот се тажни по шокантниот пораз од Шериф Тираспол.

„Кралевите“ непријатно ги изненадија своите навивачи губејќи на „Сантијаго Бернабеу“ со 1:2 од молдавскиот тим чиј член е и Бобан Николов.

– Тажни сме, повеќе сме тажни отколку загрижени. Игравме со висок интензитет но некои детали во играта не чинеа победа. Можевме да бидеме попрецизни во завршницата. Шериф добро се бранеше и тешко е да се објасни… – вели Анчелоти чии фудбалери врзаа два натпревари без победа.

Изненадувачки, по две кола во Лигата на шампионите, Шериф е лидер на табелата во групата Д со шест бода, Реал Мадрид има три, а Интер и Шахтјор по еден бод.
Во третото коло, Шериф го очекува пресметка со италијанскиот шампион Интер, додека Реал Мадрид му гостува на Шахтјор.

ВИДЕО: Ајакс го надигра и Бешикташ, мируваа мрежите во Киев

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот