Анчелоти: Модриќ ќе ја заврши кариерата во Реал Мадрид

Лука Модриќ 10 години е креатор на играта на Реал/Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Ова прашање загрижи многу фанови на славниот клуб. Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти уверува дека хрватскиот ас Лука Модриќ ќе се пензионира во дресот на „кралевите“.

Италијанскиот стратетег на тој начин одговори на гласините дека Јувентус испратил понуда до Хрватот да дојде во Торино како слободен играч на лето.

Модриќ веќе 10 години е креатор на играта на Реал и еден од клучните играчи на клубот по доаѓањето од Тотенхем.

Тој освои четири трофеи во Лигата на шампионите, зад себе го има финалето на Светското првенство со Хрватска и „Златната топка“ за 2018 година.

Но, во последно време, поради неговата возраст, а се ближи до 37 роденден (9 септември), се повеќе се зборува за заминување од „Сантјаго Бернабеу“.

Анчелоти воедно истакна дека е Реал Мадрид е среќен поради новото засилување Винисиус Тобијас од Шахтјор и дека во овој фудбалер има многу квалитет и потенцијал. Тој е дел од проектот на клубот и на кого ќе се смета во иднина.

– Лука Модриќ ќе ја заврши кариерата тука во Реал Мадрид. Не знам кога, но ќе се случи. Ова е идеја и на клубот и на Лука. Модриќ нема да има проблеми да го продолжи договорот. Го споредувам со Паоло Малдини – вели Анчелоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот