Анчелоти: Јас сум рекордер и горд сум поради тоа

Карло Анчелоти е првиот тренер со четири титули во Лигата на шампионите/ фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Карло Анчелоти со триумфот на Реал Мадрид над Ливерпул во вечерашното финале, потврди дека е еден од најдобрите тренери на сите времиња. Италијанецот стана првиот тренер кој четири пати ја освоил Лигата на шампионите.

Вечерва дојде до вториот европски пехар со Реал Мадрид, а има две титули и како тренер на Милан. Исто така, Анчелоти има титули во петте најсилни европски лиги.

– Не можам да верувам, ова беше фантастична сезона. Страдавме многу, повеќе во првото полувреме но мислам дека заслуживме да ја освоиме Лигата на шампионите. Јас сум рекордер и горд сум поради тоа. Имав среќа минатата година да дојдам во фантастичен клуб, со одлични играчи со силен карактер. Поминавме низ тешки моменти и издржавме- изјави Анчелоти кој со Реал ја освои титулата и во Ла Лига.

Видео на денот