Анчелоти го надмудри Мурињо, Евертон подобар од безидејниот Тотенхем

Фудбалерите на Евертон славеа на гостувањето во северен Лондон со минимални 1:0 во првото коло од Премиер лигата.

Победата на Евертон ја донесе Доминик Калверт-Луин со голот во 55. минута. Лукас Диње изведе слободен удар и ја уфрли топката во шеснаесетникот на домашниот тим каде каде Калверт-Луин беше повисок во скокот од противничките играчи и го постигна единствениот гол на натпреварот.

Во продолжението од средбата, Евертон беше подобар тим и можеше да слави поубедлива победа доколку Ришарлисон не искористеше една од неколкуте одлични шанси.

Од друга страна, играчите на Тотенхем иако се обидуваа да го избегнат поразот, со безидејната игра во нападот не успеаја да креираат ниту една сериозна шанса. Со овој триумф, Евертон ја прекина серијата од 11 натпревари без победа против Тотенхем во Лондон.

Во првиот натпревар денеска, Лестер со 0:3 славеше на гостувањето кај новиот премиерлигаш ВБА. Најдобриот играч на Лестер, Џејми Варди два пати беше прециден од белата точка, а првиот гол беше дело на Кастање.

Прочитајте и...  Бостон му дава максимален договор на својот најдобар играч

Поврзани вести

Двојаковски нов кошаркар на Академија ФМП

Слободен печат

Борусија Дортмунд конечно открива колку изнесува откупната клаузула за Халанд

Слободен печат

По Жорге Мендеш, уште еден супер агент купува фудбалски клуб

Слободен печат

Навивачите во ограничен број се враќаат на стадионите во Англија

Слободен печат

Гечевски: Најважно ни е здравјето на Димитријевиќ

Слободен печат

ФИФА суспендира свој потпретседател поради мито

Слободен печат

Остави Коментар