Анчелоти е многу блиску до потписот на Елмас

EPA-EFE/SEDAT SUNA

Наполи кој и претходно се поврзуваше со Елмас, се наоѓа во разговори кои според последните информации „одат во позитивна насока“.

Според „Скај Спорт Италија“, македонскиот „Дијамант“ останува и натаму дел од објективните цели ова лето на тренерот Карло Анчелоти.

За турскиот клуб Фенер во 2017 година дојде за „само“ 180.000 илјади евра и постигна четири голови во 47 натпревари.

Тоа го потврди и спортскиот директор на Наполи, Кристиано Гвинтоли, за Елмас (19) се заинтересирани уште екипите на Интер, Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Се шпекулира дека Наполи ќе ја зголеми понудата што би била околу 15 милиони евра плус бонуси. Според италијанската „Република“, Елмас би требало во средниот ред на Наполи да им се придружи на Зиелински, Алан и Фабиан.

Продолжуваат преговорите меѓу Фенербахче и Наполи, а калчолигашот од „Сан Паоло“ верува дека е многу блиску до потписот на нашиот талентиран играч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот