Анатомија на бакнежот: Зошто ги затвораме очите кога се бакнуваме?

Повеќето луѓе ги затвораат очите додека се бакнуваат, но има и такви кои секогаш ги држат отворени. Постојат неколку причини зошто луѓето ги затвораат очите додека се бакнуваат.

Затворените очи го олеснуваат фокусот на бакнежот

Неколку студии покажаа дека за мозокот е потешко да се фокусира ако има многу визуелно одвлекување на вниманието наоколу. Нашата способност да уживаме во бакнежот се намалува ако нашите очи се отворени.

Сакаме поинтензивно да го осетиме допирот

Исто како што затворањето на очите ни помага да се фокусираме, тоа дополнително помага целосно да го почувствуваме бакнежот, затоа што му дозволивме на мозокот да се концентрира на допирот на усните.

Се чувствуваме помалку ранливи

Бидејќи бакнувањето е една од најинтимните активности, може да се чувствувате ранливо додека се бакнувате. За да не се чувствуваме непријатно, автоматски ги затвораме очите кога бакнувањето започнува.

Алтернативата е „чудна“

Иако контактот со очите е секогаш пожелен, тоа не е случај кога станува збор за бакнувањето. Некој може да биде засрамен ако забележи дека сте со отворени очи додека го бакнувате, а науката вели дека мозокот може да биде преоптоварен со најразлични сензации, кои може да ги чувствувте премногу или пак воопшто да не чувствувате ништо, пишува „Brightside“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот