Анастасија Ражнатовиќ во диско со Новак Ѓоковиќ: Погледнете како танцува најдобриот тенисер на светот! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Додека Цеца и Вељко Ражнатовиќ седат во изолација и чекаат да им помине коронавирусот, Анастасија вчеравечер уживаше во еден познат белградски клуб и тоа во друштво на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Имено, таа била излезена со нејзиното момче Ѓорѓе Кулиќ, кој е близок со српскиот тенисер Филип Крајиновиќ, кој пак во клубот бил со Ноле, Јелена Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ и уште неколкумина други.

Друштвото се забавувало до раните утрински часови, а Анастасија со својот телефон успеала да фати интересни моменти, кои ги објави на својот профил на Инстаграм.

На снимките може да се забележи Новак во едно опуштено издание како лудува и танцува со негевото друштво.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот