Анастасија Ражнатовиќ на концертот на Чолиќ во „опасно“ секси фустан, а погледнете која негова песна ја обожава (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Здравко Чолиќ (68) во петокот и саботата одржа два од предвидените пет концерти во белградската „Штарк“ арена. На концертот присуствувале многу познати личности од целата српска естрада, а меѓу нив и Анастасија Ражнатовиќ.

Анастасија на концертот се појавила во дизајниран фустан во сина „кралска“ боја, кој на младата пејачка и прилегал совршено.

Стајлингот го надополнила и со интересна фризура која изгледала исто како оние кои ги носат хероините на Дизни. Се разбира, Анастасија многу внимава и на шминката, па и за тоа не може да и се најде забелешка.

Инаку Ражнатовиќ на концертот се појавила во друштво на Бојана Рајиќ, поранешната сопруга на голманот Владимир Стојковиќ.

Анастасија објави и видео на Инстаграм на кое може да се види дека двете одлично се забавуваат и уживаат на концертот на музичката легенда.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот