Анархистите кои ДИВЕЕЈА синоќа во Солун ОЧИ ВО ОЧИ со јавен обвинител

Фото: Миа

Пред јавен обвинител претпладнево ќе бидат изведени 22 анархисти кои вчера беа уапсени за двата инциденти во Солун- едниот за упадот во турскиот конзулат, другиот на шалтерот на „Туркиш ерлајнс” на солунскиот аеродром, jави дописничката на МИА од Атина.

Во првиот инцидент биле приведени 12, а во вториот 10 лица. И зад двата упади стојат анархистичките групи „Иницијатива за слобода од Солун” и „Рубикон”, кои ја презедоа одговорноста, објаснувајќи дека биле во знак на солидарност за Курдите и против турската операција во Сирија.

Првиот упад беше во дворот на Конзулатот на Турција во Солун, што наиде на осуда од Министерството за надворешни работи на Грција, а вториот неколку часа подоцна на солунскиот аеродром во делот каде што се канцелариите на турската авиокомпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот