АНАРХИСТИ влегле во дворот на турскиот конзулат во Солун: Приведени најмалку 10 лица (ВИДЕО)

Фото: Миа

Членови на анархистички организации претпладнево влетаа во дворот на Конзулатот на Турција во Солун, во знак на поддршка за Курдите, полицијата приведе најмалку 10 лица, а грчкото МНР го осуди инцидентот, јави дописничката на МИА од Атина.

На истиот простор заедно со конзулатот е и Спомен куќата на Ататурк, па според локалните медиуми, анархистите, преправајќи се дека се туристи успеале да влезат во дворот, по што започнале да извикуваат слогани и подигнале пано со поддршка за Курдите.

Одговорноста за нападот ја презедоа „Ослободителната иницијатива од Солун“ и анархистичката група „Рубикон“, објаснувајќи дека упадот бил бидејќи ја поддржуваат и ќе продолжат да ја поддржуваат „ослободителната битка во Курдистан“.

– Бевме, сме и ќе бидеме солидарни во пракса. Сите да го запомнат ова, пишуваат анархистите.

Еден од првите луѓе на Рубикон вели дека и покрај строгите безбедносни мерки, членовите на групата успеале да влезат во внатрешноста на конзулатот и додава дека се во исчекување дали приведените лица ќе бидат и уапсени.

Инцидентот што се случи претпладнево во Солун, го осудија од Министерството за надворешни работи на Грција.

– Остро го осудуваме нелегалниот влез на членови на анархистички групи во дворот на Генералниот конзулат на Турција во Солун каде што се наоѓа и спомен куќата на Ататурк. Станува збор за неприфатлив и неодговорен чин. Надлежните грчки власти, кои уште од прв момент се мобилизираа веќе приведоа осомничени и ги преземаат потребните чекори за истрага на случајот, а одговорните да бидат изнесени пред лицето на правдата, соопштуваат од грчкото МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот