Анализа: Загадувањето скратува речиси две години од животот на луѓето

Авторите на истражувањето велат дека квалитетот на воздухот што го дишат многу луѓе претставува далеку поголем ризик по здравјето од Ковид-19.

Загадувањето на воздухот го намалува очекуваниот животен век за секој маж, жена и дете на Земјата за речиси две години, според податоците објавени денеска за кои експерти велат дека слабиот квалитет на воздухот претставува „најголемиот ризик за здравјето на луѓето”.

Индексот за влијанието на квалитетот на воздухот здравјетот на луѓето (The Air Quality Life Index (AQLI) нагласува дека додека светот се обидува да пронајде вакцина за да ја доведе под контрола пандемијата Ковид-19, загадувањето на воздухот ќе продолжи да предизвикува милијарди луѓе да водат пократки и поболни животи низ целиот свет.

Индексот го претвора загадувањето на воздухот – главно од согорувањето на фосилните горива – во неговото влијание врз здравјето на луѓето.

Во анализата се наведува дека и покрај значителното намалување во Кина – некогаш една од најзагадените земји во светот, целокупното ниво на загадување на воздухот останало стабилно во текот на изминатите две децении.

Во земји како Индија и Бангладеш, загадувањето на воздухот беше толку сериозно што сега ги намалува просечните животни стапки во некои области за речиси една деценија.

Авторите на истражувањето велат дека квалитетот на воздухот што го дишат многу луѓе претставува далеку поголем ризик по здравјето од Ковид-19.

„Иако заканата од коронавирус е сериозна и заслужува посебно внимание прифаќајќи ја сериозноста на загадувањето на воздухот со слична енергичност би им овозможило на милијарди луѓе да водат подолг и поздрав живот”, наведува Мајкл Гринстоун, креатор на Индексот.

Речиси една четвртина од глобалното население живее во само четири јужноазиски земји кои се меѓу најзагадените – Бангладеш, Индија, Непал и Пакистан. Индексот откри дека овие популации ќе имаат животен век намален за пет години во просек, откако биле изложени на нивоата на загадување 44 отсто повисоки од пред 20 години.

Околу 89 отсто од 650 милиони луѓе во регионот живеат во области каде загадувањето на воздухот ги надминува нивоата одобрени од Светската здравствена организација.

Додека местата како САД, Европа и Јапонија успеаја да го подобрат квалитетот на воздухот, загадувањето сепак одзема во просек две години од очекуваниот животен век низ целиот свет, се нагласува во анализата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот