АНАЛИЗА: Терористичкиот напад во Лондон покажува колку е опасно ослободувањето на поранешните џихадисти ширум Европа

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

По терористичкиот напад во Лондон, во кој загинаа две лица со повеќе убоди со нож, прашањето како да се постапува со порашените терористи повторно е во центарот на вниманието на европската и светската јавност, особено ако се земе во предвид фактот дека во следните неколку години, стотина осуденици ширум Европа треба да бидат ослободени, пишува Си-Ен-Ен.

Во прв план уште еднаш се најде и вечното прашање на полициските и разузнавачките служби: кој би можел повторно да нападне и дали е можно ефикасно да се надгледуваат таквите луѓе? Колку делуваат програмите за дерадикализација и рехабилитација?

Усман Кан беше на слобода една година, откако отслужи дел од казната поради поврзансот и планирање на терористички напад во 2010 година. Во петокот, 28-годшниот маж до смрт избоде две лица на Лондонскиот мост, пред да биде застрелан од полицијата. Иако носел алка за следење од полицијата, тој успеал да допатува во Лондон од својот дом во Мидлендс.

Адвокатот на Кан тврди дека немало наговестувања дека тој повторно ќе изврши кривично дело. Кога е обвинет во 2010, тој бил дете, a  aдвокатот Шариф бил „изненаден“ што неговиот поранешен клиент го извршил нападот во петокот, бидејќи наводно забележал дека во последните години тој се оддалечува од радикализмот.

Во писмото во кое Си-Ен-Ен имале увид, Кан во затворот во 2012 година побарал да учествува на курс за дерадикализација.

Кан и уште осум обвинети беа осудени на долги затворски казни на почетокот на 2012 година, откако признаа дека се виновни за планирање на терористички напад и други престапи поврзани со тероризам. Кан учествувал завера на ќелиите во Стоук, Кардиф и Лондон, кои се среќавале во парковите во Велс.

Некои од овие луѓе планирале напад врз лондонската Берза, но главната преокупација на Кан во тоа време бил Кашмир, од кадешто има потекло. Заедно со ќелијата во Стоук планирал обучувања за џихад на почетокот на 2011 година, со акцент на „собирање на средства за основање и регрутирање на сили за камп на воена обука на терористи на сопствениот имот“.

Судијата во тој случај изјави дека Кан и уште еден маж „планирале терористички напади во Кашмир“.

Засега не е јасно дали најновите настани во делот на Кашмир кој е под контрола на Индија повторно го радикализирале Кан. Централната власт во Њу Делхи оваа година воведе безбедносни мерки во тој регион, во кои преовладува муслиманското население, и го одзема поголемиот дел од автономијата на оваа територија.

Во врска со тоа се поставува едно прашање: каков настан или инцидент може да придонесе до радикализација на поранешен ратвореник? И кој властите треба да го надгледуваат? Дали таквите луѓе треба да бидат порано ослободени?

Нападот на Усман кан стана главна тема на изборната кампања во Велика Британија, а двете главни партии меѓусебно се обвинуваат за неговата ниска казна. Кан беше осуден на казна-затвор од 16 години, со можност за условно ослободување најрано по осум години. За време на изрекувањето на пресудата на ќелијата од Стоук, судијата предупредил дека тие „дури и по ослободувањето и подолгата затворска казна претставуваат значајна опасност, од која јавноста нема да биде адекватно заштитена“.

И покрај тоа, Кан е услобно ослободен, без сослушување пред комисијата за условно ослободување. Британското министерство за правда сега побара „итна анализа“ за условите за ослободување на секој осуден терорист во Велика Британија.

Во многу случаи во Европа, за радикализација допринесува и престојот во пренатрупаните затвори со недоволно финансиски средства. Најмалку еден од напаѓачите на редакцијата на весникот „Шарли ебдо“ во Франицја е радикачизиран во затвор. Извештајот на британската влада од 2016 година предупреди дека исламскиот екстремизам е „се поголем проблем во затворите, како и дека потребна е сеопфатна и координирана стратегија за негово следење и сузбивање“.

Трамп сака да ги врати џихадистите во нивните матични земји

Американскиот претседател Доналд Трамп во неколку наврати ја повика Европа да ги преземе милитантите на Исламска држава од затворите во Сирија, откако САД тоа веќе го направија по турската офанзива на североистокот на Сирија.

– Европа треба да ги прими назад, по бројните барања. Тоа сега треба да го направат. Тие никогаш нема да дојдат во САД, нема да им биде дозволено – нагласи Трамп и повтори дека Америка ќе биде приморана да ги врати во земјите од коишто пристигнале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот