Анализа: Словенечката армија е неподготвена да дејствува ефикасно при воена состојба

Словенечка армија / Фото: Архива

Словенечката армија се уште е неподготвена да дејствува ефикасно при евентуална воена состојба, покажува редовниот годишен извештај за состојбата во вооружените сили, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Оцената за подготвеноста за извршување на борбени задачи е иста како за во 2018 години, а таа е недоволна, смета претседателот на државата Борут Пахор.

Сепак, определен напредок е забележан во способноста на армијата да му помага на цивилното население во услови на криза, односно подготвена е квалитетно да ги извршува поставените задачи во мирнодопски услови.

Според извештајот, Словенечката армија ужива голема доверба кај граѓаните, а помошта на армијата во справувањето со епидемијата на коронавирусот се оценува како квалитетна и навремена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот