Анализа: Регрутирањето на исламски терористи е во европските градови, а не на Балканот

Швајцарскиот весник Ное Цурихер Цајтунг (Neue Zürcher Zeitung – NZZ) објави анализа во која констатира дека всушност Балканот не е погодно тло за регрутација на исламски терористи, туку дека тоа се западните големи градови. Весникот констатира дека социјалната контрола е е многу посилна во балканските муслимански држави отколку во муслиманската дијаспора на западот.

Најсвеж пример за тоа е терористот од Виена.

Според наводите на швајцарскиот весник околу една третина од населението во Западен Балкан (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Албанија) се декларираат како муслимани и дека во некои земји тие се и мнозинството од населението, но само многу мал дел од ја практицираат толерантна верзија на сунитскиот ислам. На пример, многу муслимани на Балканот, консумираат алкохол. Исламот на Балканот е дојден со турските освојувања и неколку векови претставуваше државната религија на Отоманската империја.

Влијанието на екстремистите расте од војните во 90-тите години на минатиот век

По 1945 година, комунистичките режими во Југославија и Албанија извршија длабока секуларизација што дополнително ја намали улогата на религијата во јавниот живот. Во меѓувреме, некои нации посилно се идентификуваат со религијата, како што се Србите и Православието и Бошњаците и Исламот, но Албанците продолжуваат да инсистираат на секуларизам, бидејќи тие се мултиконфесионална нација, што доведува до судир со растечкото влијание на исламот, анализира НЗЗ.

Полиција во Виена по терористичкиот напад од 2 ноември кој го изврши Кујтим Фејзулаи/ Фото: EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Влијанието на екстремните струи на исламот на Балканот започна да расте за време на војните во 90-тите години, а тоа најдобро може да се види со изградбата на џамии кои не се вклопуваат во традиционалната архитектура на Балканот. Верските екстремисти сепак успеаја да ги зауздаат ​​старите структури и со тек на време опадна влијанието на Саудиска Арабија, со што повторно се отвори просторот за влијанието на Турција, што негува потолерантна варијанта на исламот, која се потпира на балканскиот ислам.

Полесно е да се регрутираат терористи во европските градови

Францускиот експерт за Балканот, Ксавиер Бугарел, посочува дека џихадистите ги регрутираат своите приврзаници од Балканот претежно меѓу млади мажи кои припаѓаат на муслиманското малцинство во Бугарија и Македонија и имаат најголем успех меѓу муслиманската дијаспора на Запад, како што се Виена или Берлин.

Т.н. паралелни собранија во БиХ, каде се собираат салафистите, се под контрола на исламската заедница, полицијата и околината, со што се ограничува нивното радикално влијание, што не е случај на Запад.

„Се укажува на тоа дека е полесно да се радикализираат луѓето на запад отколку во земјите од кои потекнува европскиот ислам“, наведува НЗЗ.

Судир меѓу првата и втората генерација на доселеници

Виенскиот историчар и албанолог Роберт Пихлер истакнува дека на Запад доаѓа до оттуѓување меѓу родителската генерација на доселеници и нивните потомци, кои после тоа се препуштаат на исламска радикалицација. Втората генерација често се чувствува недоволно прифатена во општеството во кое живее, а чувствуваат и дека не можат да ги исполнат очекувањата на родителите. Пихлер вака го опишува тој механизам: наместо да бидам дете на неупадливи гастарбајтери од Балканот, можам да станам дел од светска мрежа која се бори за ислам.

Младите ги привлекува и возбудата која со себе ја носи припадноста кои мали, тајни групи и работа во илегала.

Францускиот политиколог Оливие Рој кој ги истражувал биографиите на исламските терористи од Европа констатирал дека радикализацијата се одвива преку интернет, не секогаш нужно со директен контакт со некоја терористичка група како ИСИЛ. Големо влијание има и влетување во ситното криминално милје.

„Терористите доаѓаат од работ на муслиманскиот живот“ во Европа, смета политикологот Рој. Поради тоа муслиманските држави на Балканот не се погодини локации за регрутирање на терористи, додека западните метрополи тоа се, заклучува НЗЗ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот