Анализа: Речиси секој петти жител на Сараево бил заразен со коронавирус

Тестирање за коронавирус во БиХ / фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Сероепидемиолошкото тестирање спроведено од Институтот за јавно здравје на ФБиХ и Институтот за трансфузиона медицина на ФБиХ откри дека 19,1 процент од возрасните во Сараевскиот кантон биле заразени со коронавирусот.

Врз основа на резултатите од тестот на 1.015 лица на возраст од 18 до 65 години, кои дарувале крв во периодот од 2 ноември до 7 декември, укажано е за процентот на луѓе кои биле заразени со вирусот, јавија сараевски медиуми.

Според структурата на возраста, лицата на возраст од 18-29 години учествуваат со 33,6 проценти од заразените, лица на возраст од 30 до 39 година 31,5 проценти, лица на возраст од 40-49 години 20,3 проценти, лица на возраст од 50 до 59 години 11,4 проценти и 60-65 години 3,2 проценти.

Машките испитаници се 73,9 проценти од заразените, а жените – 26,1 процент.

Резултатите од тестот покажуваат разлика во бројот на пријавени случаи на коронавирус, врз основа на резултатите од PCR-тестирањето и луѓето кои имаат антитела кон САРС-CoV-2, што укажува на значителен удел на асимптоматски случаи, како и симптоматски случаи кои не барале медицински третман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот