Анализа на „Вашингтон пост“: Трамп работи за Кремљ со тврдењето дека изборите се фалсификувани

Русија не успеа да презеде сериозни хакерски или дезинформациски активности за да се вмеша во претседателските избори на САД во 2020 година, а хакерите на Кремљ воопшто не се обиделе да ги нападнат изборните системи на начин како во 2016 година, истакнува „Вашингтон пост“ во денешната анализа

Се заклучува дека целта на Москва била веќе исполнета, во очите на меѓународната заедница, демократијата во САД е делегитимизирана.  

Русија овојпат не се вмешала во изборите бидејќи Сајбер командата на САД презела превентивни мерки против руските хакери кои би можеле да извршат упад во изборите. Извори за весникот укажуваат дека во низа операции, американската војска ги нападнала нивните системи и тие напади „се извршуваа во случајни интервали за да се нокаутираат Русите”.

Се вршела и саботажа на руските хакерски алатки, како неодамнешното изложување на моќен вирус кодиран од руски воени шпиони што би можел да биде употребен против изборите, „но со неговото обелоденување операторите насекаде можеа да се одбранат од него”.

Покрај техничките мерки, Москва овојпат се воздржала од напади и поради политички причини. Кремљ калкулираше со оглед на отровната политичка клима во САД. Москва не сакаше да ризикува нови санкции по интервенцијата во 2016 година, се вели во анализата.

Се додава дека причината можеби е поради тоа што посакуваната цел од пред четири години е постигната – намалена доверба на меѓународната заедница во американската демократија, па соодветно на тоа, одлуката била да не се прават такви напори и да се ангажираат ресурси

Во анализата се вели дека семето на раздорот и лажните информации за делегитимизација на изборите веќе било посеано со постојаните тврдења на претседателот Доналд Трамп за наводното општо фалсификување на гласачките ливчиња

– Со ова, тој всушност ја врши работата на Кремљ, пишува весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот