Анализа на „Њузвик“: Руската војна од воздух во Украина е целосно фијаско

руски проектили ЕPA FILES/VLADIMIR MASHATIN

Американскиот магазин „Њузвик“ во својата анализа за досегашниот тек на војната во Украина проверува колку успешна се покажала руската воздушна супериорност во Украина и зошто, според аналитичарите, таа целосно потфрлила и практично не постои.

Според своите ексклузивни информации, овој магазин наведува дека Русија во оваа војна истрелала повеќе проектили од која било друга земја во која било војна по Втората светска војна, што е рекорд, но и покрај се тоа не и се исплатело на Москва ниту пак имало некаков ефект.

 

„Само помислете на оваа ужасна бројка: 2.154 руски ракети ги погодија нашите градови и заедници за нешто повеќе од два месеци. „Руското бомбардирање на Украина не престанува ниту дење ниту ноќе“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на мај.

Но, кампањата за бомбардирање досега направила малку за да му помогне на Путин да ја добие својата војна и покажа клучни лекции за иднината на војувањето, проценува магазинот.

Контрола на небото.

Руски проектили . EPA-EFE/SERGEI CHIRIKOV

Бизарен руски светски рекорд по број на ракетни напади се постигнува додека претседателот Зеленски тврди дека неговата земја го уништила 200-от руски авион, што е поразителна бројка за воената авијација 15 пати поголема од украинската. Реакциите на овој резултат ги пофалија украинските бранители и укажаа на неуспехот на Русија да ја искористи својата огромна нумеричка предност. Неуспехот на Москва е што не воспостави надмоќ на воздухот на небото на Украина и што има мали залихи на оружје со прецизни насоки, пишува Newsweek.

Руски проектили EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Како одговор на ова, Русија во неделата објави дека уништила 165 украински авиони од почетокот на нејзината таканаречена специјална воена операција. Сепак, таа бројка е речиси три пати поголема од бројот на употребливи авиони што ги имаат Украинците.

„Руските воздухопловни сили (Voyenno-vozdushnye sily Rossii, скратено VVS) сè уште не покажуваат знаци дека целта на нивната кампања е да постигнат воздушна супериорност“, оценил за овој магазин пензионираниот офицер на британските воздухопловни сили Едвард Стрингер.

 

Борбен авион EPA-EFE/STR

Кампањата во овој контекст значи методичен напор за уништување на одбраната на воздушниот простор на Украина, а пред се системот за рано предупредување и комуникациските линии потребни за активирање на ракетите земја-воздух и да им се овозможи на бранителите да знаат кога и од која насока доаѓаат авионите.

Америка постави златен стандард за таква кампања за време на Првата Заливска војна, или „добро координирана тактичка процедура“, како што вели Стрингер, што се смета за неопходно во секоја војна.

„Заслепете го непријателот, попречете ја неговата способност за комуникација, соборете ги неговите борбени авиони, онеспособете ги неговите аеродроми, затапувајте ја неговата воздушна одбрана на земја“, изјавил висок пензиониран генерал на американските воздухопловни сили, кој ја надгледуваше американската воздушна офанзива за време на војните во Ирак. Косово и Авганистан.
.
Преземањето контрола на небото ги штити американските трупи од воздушни напади, објасни офицерот. „Тоа е една од десетте заповеди, но исто така е од суштинско значење да се ослабне капацитетот на непријателот како што направивме во 1991 и 2003 година. додава тој.

„Да, трупите на земјата победија во Ирак“, рече офицерот, кој побара да остане анонимен за да може да зборува за проблемите со воените операции, „но тие никогаш немаше да успеат без воздухопловните сили што им го отворија патот“.

Неуспехот на Русија да го следи овој пат стана значајна карактеристика на украинската војна и ги алармира западните набљудувачи. По 48 часа напади на украинската противвоздушна одбрана во првите денови од војната, Москва изгледа се откажа од следењето на споменатите американски воени потези. Русите ги нападнаа аеродромите и локациите за воздушна одбрана во првите два дена, но генерално не ги продолжија тие напади.

 

Малите украински воздушни сили главно беа приземјени, но на Киев му беше дадена можност да се прилагоди, особено со префрлување на одбранбените ракети, а пред сè со користење на рачни ракетни фрлачи. Со ова се постигна, како што го нарекува Стрингер, „воздушна супериорност од втора класа“.

Потоа, поради опасноста од украинската воздушна одбрана, Русија почна да испраќа сè помалку бомбардери од фронтот каде што се руските сили, па помалку од 10 проценти од вкупниот број руски летови биле надвор од таа област, соопштило американското разузнавање.

Далечните напади врз таканаречените стратешки цели продолжија, но ракетите беа лансирани во комбинација од воздух, вода и терен. Авиони и бомбардери, со поддршка на ракети истрелани од земја, бродови и подморници, исто така истрелаа проектили, но не навлегоа во украинскиот воздушен простор.

Со други зборови, Русија се прилагоди и најде начин да продолжи да ги таргетира своите цели. Но, дали е тоа ефективно?

Ракетна ера

Паралелно со „паметните“ бомби се развиени и крстаречки ракети со долг дострел, па станаа главно модерно оружје за прецизни американски напади и покрај тоа што цената од над еден милион долари по проектил ја ограничи нивната употреба. Во последните 32 години, околу 2.300 ракети Томахавк беа истрелани во борба, без разлика дали тие им помогнаа на војниците да го нападнат Садам Хусеин, истрелани во поранешна Југославија или во 2018 година за да ги нападнат сириските капацитети за производство на хемиско оружје.

Приближно исто толку руски проектили беа употребени во текот на 85-те дена од бомбардирањето (2.275 проектили беа успешно лансирани до 23 мај), што е скап и сомнителен потфат на Москва. Дали украинската воздушна одбрана им се закануваше на руските сили и затоа Москва се потпира на овие ракети со долг дострел со слична цена како американските, или едноставно е дел од руската култура да се користи артилерија од воздух, сè уште е прашање на дебата.

Руските воздухопловни сили главно служат за помош на трупите на теренот и им даваат поддршка на теренските команданти во нивните мисии наместо да дејствуваат независно од нив со своја доктрина и стратегија за поддршка на пошироки воени цели надвор од бојното поле.

Русија има ескадрила бомбардери што оди надвор од бојното поле за да стрела на стратешките цели како што се воените штабови и бази, индустриски, нафтени и електрани и транспортна мрежа, но Русија не успеа да развие релативно евтино оружје, слично на американските бомби управувани од сателити што може да се користи масовно за прецизно погодување на тие цели.

И ако Русија фрли ненаведувани бомби во Украина, како и некои ракети со ласерски наведување, апсолутен најголем број од користените надвор од бојното поле беа проектили – 630 балистички и крстаречки ракети Искандер беа лансирани од Белорусија и Русија.

Руски ракети EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Бродови и подморници лансираа крстосувачки ракети Калибар, кои се руски еквивалент на Томахавкс. Крајбрежните противбродски единици на Крим истрелаа проектили од типот „Оникс“ кои се лансирани од брегот кон зацртаните цели. Во воздут, тактички авиони и средни и тешки бомбардери истрелаа мешавина од ракети воздух-земја: Kh. Беа истрелани и 12 хиперсонични аеробалистички ракети „Кама“.

Поради ограничениот дострел на ракетите, Русите имаа проблеми со гаѓањето на одредени западноукраински цели, а имаа и проблем со самиот ракетен арсенал , што ги принуди да се префрлат од користење на еден тип на оружје, но генерално најголемиот проблем со кој се соочи Русија беше тоа што работите не им одат баш најдобро.

„Ако погледнете што е истрелано генерално, ефектот е дека многу помалку од половина од сите руски ракети ја погодиле целта“, гласи оценката на висок претставник на американското одбранбено разузнавање (ДИА) вклучен во војната.

Руски проектили  хеликоптер EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Службеникот, кој мораше да остане анонимен за да може да зборува за чувствителни информации, тврди дека две до три од секои десет руски ракети или не испалуваат или не успеваат и паѓаат во текот на летото во воздух Дури и кога ќе стигнат до целта, имаат технички проблеми како неправилна детонација. Уште два-три проектила ја промашуваат целта дури и кога ќе стигнат до неа.

„Во моментов веруваме дека успехот на руските ракети е некаде под 40 проценти“, сметаат експертите на американснкото воено разузнавање

Украина тврди дека соборила 110 руски крстосувачки ракети, што е речиси 10% од оние што стигнуваат до украинскиот воздушен простор.

 

„Тогаш се поставува прашањето што точно удираат Русите и кои се нивните намери и кога успеваат да го погодат. Првичните мети име беа аеродромите и противвоздушната одбрана а само по неколку дена од почетокот на нападот врз Украина рускиот фокус се префрли на гаѓање на складишта за муниција, складишта за нафта и фабрики. Во секој случај, не гледаме ефективни напади и мали или никакви придружни ракетни напади“, додаде претставникот на ДИА.

 

Стратешка воздушна кампања, барем на начинот на кој САД ја осмислила и ја употребувала , досега не е спроведена ниту еднаш д страна на Русија сметаат овие експерти . Тие додаваат и дека руските ракетни сили досега ниту еднаш не се обиделе да стрелаат врз електричната мрежа или цивилните комуникациски линии со цел да ја оневозможи украинската армија .

 

„Разбирам дека Русите можеби нема да можат да го оневозможат интернетот или комуникациската мрежа на Украина, но не се ни обидоа“, вели претставник на американското одбранбено разузнавање (ДИА)
Тој тврди дека Русите се 30 години зад Америка. „Тие не се подготвени за толку долгорочно ниво на операции, ниту ја сфатија важноста на таргетирање врз основа на ефективност наместо физичко уништување, и се чини дека немаат нема никакво динамично таргетирање“.

 

Фото: Принтскрин

Од околу 20.000 летови на руската авијација досега во украинската војна, помалку од 3.000 летови биле преку украинскиот воздушен простор, а речиси сите биле над самото бојно поле. Дали Русија се плаши од украинската противвоздушна одбрана или тоа беше горе-долу намерно направено, односно дали од почетокот беше планот проектилите да бидат главното оружје во војната затоа што може да се истрелаат од голема далечина?

Одговорот на ова прашање е важен поради иднината на војувањето. Дали проектилите со дострел од околу 1600 km се главното модерно оружје на идните војни? Дали нивната прецизност на „погодување “ и сигурноста дека ќе ја загрозат буквално секоја цел, па оттаму ќе се намали важноста на контролата на небото ? И дали сите на крајот ќе ја совладаат оваа технологија, така што некој иден кинески противник ќе може ефикасно да ги користи нивните уште поскапи ракетни залихи за да погоди цел од голема далечина и да ги постигне посакуваните резултати?

Руски проектили . EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Засега една непредвидена последица од украинската воздушна војна е двојно катастрофална за Москва. Никој кој може да си дозволи нешто подобро нема да сака да купува руско оружје во иднина. Русија е вториот најголем извозник на оружје во светот по Америка, и ништо од текот на оваа војна нема поволно влијание врз иднината на Рускиот бизнис со оружје . пишува Newsweek.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот