Анализа на мостри од 40 мерни места: Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Водата за пиење во Скопје е исправна и безбедна за пиење, покажуваат најновите анализи на Секторот за санитарна контрола во „Водовод и канализација”.

Во периодот од 23 до 27 ноември се испитани 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на водата од 40 мерни места во Скопје.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), информира „Водовод и канализација”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот