Анализа: ДУИ предупреди на несогледливи последици по укинувањето на Законот за јазиците
Уставниот суд на Македонија одлучи на 11 декември да ја разгледува уставноста на Законот за употреба на јазиците – еден од клучните столбови на Охридскиот рамковен договор и меѓуетничката хармонија. Секој обид за укинување на која било одредба од овој закон не е само правен чин, туку претставува директен удар врз стабилноста и мирот кои оваа земја ги изгради со многу жртви, велат од ДУИ.
– Не можам да кажам дека од ДУИ испратија закани кон Уставниот суд, но од оваа партија предупридија на несогледливи последици доколку Законот за употреба на јазиците биде делумно укинат и како што тие велат се „укине албанскиот јазик во Македонија“. Не сум сигурен дека тоа е така, тука мислам на делот околу укинувањето на законот, но судиите Албанци, кои се тројца на број најавија дека ќе ја бојкотираат оваа седница, па веќе се создава тензична атмосфера. При одбележувањето на Денот на албанското знаме видовме дека поединци можат многу лесно да ја нарушат јавната безбедност, па затоа сметам дека на 11 декември би можела да се создаде ситуација која ќе го наруши јавниот ред и мир – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.