Аналитичарите го потценија американскиот лидер: Загубата е голема, но почна опоравување

„Џенерал моторс“ во вториот квартал забележа нето загуба оф 758 милиони долари.

Додека голем број авто – компании за време на пандемијата „се фрлија“ на производство на респиратори и маски за лице, Тесла собираше плодови на својата „зелена политика“, како единствен профитер меѓу лидерите во оваа индустрија.

„Џенерал моторс“ секако не беше изземен за време на кризата иако Трамп кон крајот на март потпиша указ со кој ја обврза компанијата своето производство да го пренасочи кон производство на заштитна опрема.

Покрај туризмот и авио – индустријата, оваа гранка претрпи најголема загуба, и дури сега почнува полека да се опоравува.

„Џенерал моторс“ забележа нето загуба во вториот квартал од 758 милиони долари, или 56 центи по акции во однос на профитот од 2,4 милијарди долари во истиот период претходната година.

Сепак овој гигант не изнесе прогноза за заработката на годишно ниво, но констатираше дека билансот на крајот од вториот квартал изнесувал 30,6 милијарди долари. Во второто тримесечје е забележан почеток на опоравување во прометот и во малопродажбата, по падот од 35 отсто во април.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот