Анагностопулу: Новите гранични премини се нови мостови на пријателство на Балканот

Двата гранични премини со Северна Македонија се нови мостови на пријателство и соработка на Балканот што се градат со цврсти материјали и план за развој, просперитет, солидарност и мир во нашето соседство, вели алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за грчката новинска агенција АНА-МПА во врска со новите гранични премини, јави дописничката на МИА од Атина.

Анагностопулу потенцира дека задоволството изразено од претставниците на локалното население во грчката област Македонија, по изгласувањето на законите, „несомнено покажува дека дојде време во пракса да ја видиме придобивката од Договорот од Преспа”.

– Граничниот премин што ќе ги поврзе Лемос кај Преспа во Грција и Маркова Нога во Република Северна Македонија одговара на над 50-годишното барање, барање што станува реалност благодарение на Договорот за Преспа. Во новата ера што започнува, конечно се задоволува ова долгогодишно барање, на начин на кој ќе ја ослободи големата динамика што се регистрира во туризмот, земјоделството, културните размени, кои до вчера наидуваа на пречки во кратковидните логики на интровертноста. Граничниот премин кај Лемос Преспа, како и оној што ќе ги поврзе Промахи, Пела со Мајден во Северна Македонија се нови мостови на пријателство и соработка на Балканот што се градат со цврсти материјали и план за развој, просперитет, солидарност и мир во нашето соседство – вели Анагностопулу за АНА-МПА, пренесе МИА.

Прочитајте и...  Во Грција отворени внатрешните делови на угостителските објекти, на плажите дозволено служење алкохол

Грчкиот Парламент, во средата, со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција.

Прочитај повеќе

Полицијата во Хамбург употреби водени топови против демонстрантите, еден полицаец е повреден (ВИДЕО)

Алек Стојковски

Илјадници Израелци протестираа против планот за анексија на Нетанјаху

Слободен печат

Болсонаро по стапките на Трамп: Претседателот се закани дека Бразил ќе ја напушти СЗО

Слободен печат

Одржана втората комеморација во Редфорд, родниот крај на Џорџ Флојд

Слободен печат

Неофашистите предизвикаа нереди во Рим, фрлаа шишиња и петарди по новинарски екипи (ВИДЕО)

Слободен печат

Антонов: Потполна глупост е дека Москва им помага на провокаторите на протестите во САД

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во близина на Даунинг стрит: Полицаец падна од коњот (ВИДЕО)

Слободен печат

Истражување: Повеќе од 70 отсто заразени не го пренесувале коронавирусот, тој се ширел на собири во затворен простор

Слободен печат

Партијата на Меркел се противи на одлуката на Трамп за повлекување на 9.500 војници

Слободен печат

Ново жариште на коронавирусот во Иран: Бројот на заразени зголемен заради една свадба

Слободен печат

Бројот на заразени од коронавирус во светот расте пребрзо: Дневно по 100.000 нови случаи

Слободен печат

Помпео: Кина на одвратен начин ја злоупотребува смртта на Џорџ Флојд

Слободен печат