Анадолија: Најмалку 100 транспортни воени авиони на Хафтар му испорачаа речиси 6.200 тони оружје

Фото: EPA/SABRI ELMHEDWI

Испраќањето оружје од Обединетите Арапски Емирати е во спротивност со резолуцијата 1970 на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која стриктно се забранува увозот на оружје во Либија.

Меѓународно признатата Влада за национално единство на Либија соопшти дека властите во Обединетите Арапски Емирати од 12 јануари испорачале 100 контингенти оружје за нелегитимните сили со кои на истокот од земјата раководи генералот Калифа Хафтар.

„Најмалку 100 транспортни воени авиони на Хафтар му испорачаа речиси 6.200 тони оружје од ОАЕ”, се наведува во соопштението од Трипоили, пренесе агенцијата Анадолија.

Во соопштението се наведува дека испораките на оружје доаѓале од воздухопловната база Сувеихан во ОАЕ и од базата Ашаб во Еритреја.

ОН во својот извештај од 2017 година ја обвини ОАЕ за испраќање оружје за силите на Хафтар, кои од април минатата година почнаа напади врз Триполи, во кој се наоѓа седиштето на Владата за национално единство на премиерот ал- Сараџ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот