Ана Винтур советува кои парчиња облека ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги зачуваме и за наредната сезона!

Фотографија: Profimedia

Славната модна уредничка Ана Винтур, ги следеше најдобрите модни ревии за пролет/лето 2020 година во прв ред, еве што одвои таа!

Кога Ана Винтур дава интервју, сите модни новинари се претвораат во уво. Кога откри што најмногу и се допадна на модните ревии за 2020 година, веќе се знаеше дека тоа ќе биде топ тренд, пишуваат од Убава и среќна.

За пролет и лето 2020 година, дизајнерите ќе ве вратат во најразлични децении. Крајот на 2019 година припаѓа на едноставните парчиња, многу чести се комбинациите со еднобојна ткаенина и со многу едноставни кроеви, меѓу кои само баклавата и животинскиот принт се држеа на високо место.

Меѓутоа, следната сезона очекувајте и враќање на цветниот дезен, како и „психоделичните“ принтови.

1. Мантил

Profimedia

После низата сезони во кои јакната со својата практичност ги потиснуваше другите модни решенија за периодот на премин, сега мантилот е навистина број 1!

На модните ревии за 2020 година, внимание привлекоа и пократките модели, кои потсетуваат на јакна.

Секако, незаборавна е комбинацијата со костимот за капење, но моделот со кратки ракави ќе изгледа одлично и во спортската, но и деловната варијанта.

Profimedia

2. Балетанки

Рамните чевли се враќаат на големата врата, а посебно внимание издвојуваат моделите со детали како што се ременче околу нозете или на врвот на чевелот во контрасна боја.

Фотографија: YouTube

3. Чипка

Заборавениот, нежен материјал се враќа повторно. На ревијата на модната куќа Александар Меквин, сите љубители на рачната изработка, уживаа во фантастичната комбинација на старата убавина и модерните идеи за 21 век.

Profimedia

Рачна изработка на бела површина? Доколку имате слична блуза или фустан, спремете ги за наредната година!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот