Ана Николиќ со новото момче фатена во Скопје! Раста полудел кога дознал! (ФОТО)

Фото: Курир.рс

Српската пејачка наводно веќе два месеци е во љубовна врска со извесен Иван, кој е инаку нејзин личен возач. Ана оваа информација ја криела од јавноста, но и од поранешниот сопруг Стефан Ѓуриќ – Раста – пишува српски Телеграф.

Како што се наведува, тоа на раперот воопшто не му се допаднало.

Фото: Курир.рс

– Кога слушна Раста дека Ана е во врска со возачот, полуде, а пак Ана е пресреќна во новата врска. Иван кон неа се однесува како кон принцеза. Тој дури ја убедил Ана да ослабе – навел изворот познат на порталот и додал:

– Тие се познаваат со години, секогаш беа тука еден за друг. Ана по подолго време е среќна и задоволна со себе. Иван ја натера да ослабе, но и започна да се занимава со нејзината кариера. Николиќ навистина се заљуби. Иван многју води сметка за ќерката на Ана и убаво се однесува кон неа. Едноставно, тој е вистинскиот човек за неа. Води сметка и за неа и за детето, а Ана покрај него се чуствува вредно.

Еспресо.рс/Зорана Јевтиќ

Како што се зборува, Ана и Иван минатата недела биле во Скопје и тогаш Раста дознал за нивната врска.

– Раста веднаш ја побарал Ана на телефон: „Што ти е бе на тебе, дали си нормална, се забавуваш со протоколот, со чиракот? Дали си ти свесна што правиш?“ – и врескал Раста на Ана според зборовите на изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот