АНА ИВАНОВИЌ стана мајка по вторпат: „Пукаме од љубов и среќа“ (ФОТО)

Profimedia

Ана Ивановиќ во мај објави дека таа и Швајнштајгер го очекуваат второто дете, а вчера на својот инстаграм-профил поранешната тенисерка потврди дека се среќни бидејќи на свет дошол нивниот втор син.

„Пукаме од љубов и од среќа. Нашиот син си доби помал брат“, напишала Ана покрај фотографијата на која се гледаат рацете од четиричленото семејство.

По објавата дека семејството Ивановиќ-Швајнштајгер е побогат за уште еден член, инстаграм-профилите на Ана и на Бастијан се преполни со честитки и убави желби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот