Ана Ивановиќ објави фотографија од роденденот, а вниманието го привлекоа нејзините неверојатни нозе! (ФОТО)
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, вчера го прослави својот 32 роденден, а за да и го разубави денот, нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер, со прекрасна порака и го честиташе роденденот на Инстаграм.
„Среќен роденден на најпрекрасната сопруга и мајка. Прекрасна година е позади нас, се радувам и на наредните години со тебе и нашето семејство“, напиша фудбалерот.
И Ана сподели романтична фотографија на која таа и сопругот позираат прегрнати на зајдисонце за нејзиниот роденден.
Прекрасната тенисерка се „пофали“ и со гламурозното издание по повод роденденската прослава и собра околу 45 илјади лајкови.
„Какви нозе“, „Прекрасна си“, „Магепсана сум, најубавата тенисерка на светот!“ и „Прекрасно изгледаш, а твоите нозе пак…“, се само дел од коментарите на нејзините обожаватели на Инстаграм.
Ана и Бастијан се венчаа во 2016 година во Венеција, а денес се горди родители на двајца синови.