Ана Ивановиќ: Не можам да замислам подобар пример од Бастијан за нашите синови!

Инстаграм

Откако Ана Ивановиќ се појави во светот на спортот маѓепса многумина со нејзината природна убавина, дамски став и одмереност. Поради сето тоа, таа стана пример за многу девојки, а и неостварена желба на многу мажи. Ана покажа дека само оние кои храбро чекорат низ животот може да постигнат големи резултати, па така во 2008 година стана најдобрата тенисерка на светот со прво место на „WTA“ листата.

Инстаграм

Средбата со најплатениот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се случила во летото 2014 година за време на гостувањето на Ана во „US Open“, Њујорк. Иако двајцата сакаа да ја сокријат љубовта од јавноста, папараците успеаа да ги сликаат во септември истата година на улиците во Менхетен како шетаат држејќи се за рака. Во март 2018 година тие го добија синот Лука, а во август 2019 се роди вториот син Леон.

Инстаграм

Ана не крие колку е задоволна од својот сопруг, па често на друштвените мрежи му упатува емотивни зборови. За празникот Денот на таткото, таа не ја пропушти можноста и јавно да му каже дека го смета за најдобриот татко и вистински пример за нивните синови.

Инстаграм

„Мој соиграч. цврсто раме и најдобар татко. Не можев ниту да замислам подобар пример за нашите две момчиња“, напиша Ана на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот