Ана Чоловиќ-Лешоска добитник на престижна награда за животна средина

Ана Чоловиќ-Лешоска, Фото: Архива

Наградата за животна средна „Goldman” годинава ја доби Ана Чоловиќ-Лешоска од Центарот за истражување и информирање Еко-свест.

Таа ова признание го доби за седумгодишната кампања за стопирање на меѓународното финансирање за Бошков мост и Луково поле, две големи хидроцентрали планирани во националниот парк Маврово, со што го заштити живеалиштето на Балканскиот рис. Останати добитници се активистите од Чиле, Либерија, Монголија, Куковите Острови и САД.

Наградата се доделува секоја година на заслужни херои од областа на животната средина од сите шест населени континенти во светот, а годинава бележи 30 години од свое постоење.

Со „Goldman” им се оддава почит за достигнувањата и лидерството на грасрут активисти за животна средина од целиот свет, со цел да ги инспирираат граѓаните да преземат нешто за да ја заштитат планетата.

Ана Чоловиќ-Лешоска е извршна директорка во Центарот за истражување и информирање за животна средина Еко-свест од Скопје, по професија е биолог и повеќе од 20 години од својот живот активно работи на подигнување на јавната свест за прашања поврзани со животната средина.

Таа беше мотивирана да ја штити животната средина и да ги вклучи нејзините сограѓани во тој процес. Еко-Свест е основана во 2002 година и работи за да ги заштити националните паркови и културното наследство од големите инфраструктурни проекти, да го охрабри учеството на граѓаните во стратегијата за енергетика и да промовира одржлив транспорт, управување со отпад и обновливи извори на енергија.

Чоловиќ-Лешоска е исто така поврзана со „Bankwatch”, што ги истражуваат инвестициите на јавните финансиски институции во развојни проекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот