Ана Брнабиќ потпишана како премиерка на Хрватска, Србите се потсмеваат: „Сакаат да ја земат“

Ана Брнабиќ, премиерка на Хрватска??/ Фото: Твитер

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска одговараше на прашања за проектот Јадар и компанијата Рио Тинто, а еден детал од телевизискиот пренос го привлече вниманието на твитер заедницата.

Имено, српската премиерка на телевизија беше потпишана како премиерка на Република Хрватска.

Таа грешка предизвика голем број коментари и реакции на Твитер.

„Ај нека биде премиер во својата држава, напиша еден твитер корисник, алудирајќи на тоа дека дедото на премиерката е од Крк.

Па, сакаат да ја земат“, напишал друг.

„Таа постигна напредок, премиерка е на една од земјите на ЕУ, гласи еден од хумористичните коментари.

„Можеби знаат нешто што ние не знаеме, се пошегува друг твитерџија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот