Ана Брнабиќ ја прокоментира објавата на Џенифер Анистон: Сè што е добро за Србија, мене ми е важно

Фото: Инстаграм-Твитер

Пред неколку дена познатата глумица Џенифер Анистон на својот инстаграм-профил им оддаде почит на моќните жени во светот, а меѓу нив ја вброи и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Српската премиерка, коментирајќи ја објавата на Анистон, изјави дека тоа е одлично за Србија.

„Сè што е добро за Србија, мене ми е важно. Тоа кажува една работа: дека нашата земја е еден од лидерите по родовата рамноправност, што многу се трудевме да го постигнеме, по законот што беше усвоен и според кој мора да имаме најмалку 40 проценти од жените на списокот за Национално собрание, но и затоа што имаме скоро 50 проценти жени во Владата на Србија, во што сме во самиот светски врв“, рече Брнабиќ.

„Сите овие се пофалби за Србија и покрај економијата, здравството, Србија се издвојува и по ова. Се надевам дека сме земја која го менува светот“, рече премиерката Брнабиќ.

Џенифер Анистон ја стави Ана Брнабиќ на листата со најмоќните жени во светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот