Ана (43) со децении е во брак со хирург кој РЕДОВНО ЈА ОПЕРИРА и од неа прави СОВРШЕНА ЖЕНА: Еве како изгледа таа (ВИДЕО)

Ана со децении редовно оди под скалпелот на својот сопруг кој од неа прави „совршена жена“, а еве како изгледа…

Др. Филип Крафт (47) е естетски хирург кој има клиника во Мајами и е во брак со Ана Крафт (43). Ана е редовен клиент на својот сопруг кој од неа прави совршена жена за себе. Уште еден мотив кој стои зад неговите постојани корекции на Ана е тоа што сака неговата сопруга да му биде движечка реклама.

Филип отсекогаш, како што вели, ја „дотерувал“ Ана, но интензивно започнал да се занимава со тоа по нејзиното прво породување во обидот да го врати времето назад.

– И јас на почетокот се бунев против неговите предлози да ме оперира, но по две деца, и сама се обидував да го вратам телото во првобитната состојба, како пред децата, вели Ана.

И така започнало се: липосукции, ботокси, преобликување на половината и задникот, намалување на половината и уште многу нешта – сето тоа Ана редовно го поминува.

– Филип обожава да редизајнира се – од мебел преку коли. А најмногу сака да ме редизајнира мене! Среќна сум што му го дозволив тоа бидејќи сега навистина имам совршено тело. Сега дури имам и стомачни кои не ги имав ниту кога бев многу млада, вели Ана.

А Филип вели дека ботоксот и филерите се задолжителна работа за секоја жена која надминала 25 години.

– Секогаш на своите пациенти им ја покажувам Ана и им велам: „Доколку се прашувате колку добар хирург сум, погледнете ја мојата жена. Ако некој изгледа совршено, тоа е она“, вели Филип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот