Амстердам планира забрана за марихуана за туристите

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната / Илустративна фотографија

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, предложи да им се забрани на туристите да ги посетуваат градските „кофишопови” каде, како што првенствено се продава и конзумира марихуаната.

Таа сака да ја намали „привлечноста на Амстердам како дестинација за туризам на лесна дрога”, напиша во писмото до Градски совет.

– Во последниве години, видовме дека побарувачката за канабис во Амстердам е неверојатно зголемена – изјави Халсема во интервју за јавната телевизиска станица НОС.

– Ова главно се должи на зголемувањето на бројот на туристи – додаде таа, истакнувајќи дека некои од нив се „канабис туристи” кои доаѓаат во Амстердам единствено да ја консумираат дрогата.

Овие „туристи” се извор на проблеми за центарот на градот, рече градоначалничката.

– Амстердам е меѓународен град и ние ги поздравуваме туристите, но би сакале туристи кои доаѓаат поради богатството на градот, неговата убавина, културните институции – рече таа за холандската јавна телевизија.

Според податоците на Министерството за јавно здравје, Холандија има 570 „кофишопви”, а според податоците на Амстердам, во тој град има 166, или 30 отсто од сите во Холандија.

Од 1970-те, холандската влада ги толерира оние продавници што продаваат канабис, но производството и снабдувањето со канабис се, сепак, нелегални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот