АМСМ: Забрана за товарни возила на крак Маврово – Дебар, во прекин е сообраќајот на патот Кочани – Македонска Каменица

/Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Поради снежни врнежи е воведена забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.

Според информација од ЈП „Македонија Пат“, поради одрон сообраќајот е целосно во прекин на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај местото Ајдучки Камен.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево. Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.

На целата територијата во земјава има снежни врнежи и сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот