АМСМ: Магла на повеќе патни правци, внимателно зад воланот

Магла на пат/Фото: Архива на Слободен печат

Видливоста на патниот правец Куманово – Скопје е намалена на 100 до 150 метри поради појава на магла, од 30 – 40 метри на патните правци Скопје – Тетово и Тетово – Попова Шапка, од 20 – 30 на патниот правец Велес – Катланово, до 50 метри на патот Штип – Велес, соопшти АМСМ.

Намалена видливост до 100 метри има и на патните правци Куманово – Св.Николе и Неготино – Градско, а од 50 – 100 метри на патните правци Неготино – Д. Капија и Д. Капија – Удово.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ потсетува дека од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот