10.8 C
Скопје

АМСМ: Бидете внимателни, можна е појава на голомразица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по, наместа, влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенции на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Поради ниските температури, можна е појава на голомразица.

Забрани има на следниве патни правци:

– Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

– крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај на тешки товарни возила со приколка.

– Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.

На патниот правец Р2248 меѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2020 година е на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.

Поврзани вести

СИПА упадна во просториите на Централната изборна комисија на БиХ

Илинка Иљоска

Тегелтија: На БиХ и требаат добри вести од Брисел, а тоа е кандидатски статус

Илинка Иљоска

Словенците предвидуваат дека до јуни ќе ја зауздаат короната: „800.000 луѓе се веќе заштитени“

Слободен печат

Мехмети: Предлог законот за дивоградби е политички договор меѓу Заев и Мицкоски

Слободен печат

Мицкоски: Се сомневам дека ќе добиеме датум за преговори

Слободен печат

Брнабиќ: Од дијалогот Белград – Приштина зависи стабилноста на целиот регион

Слободен печат

Остави Коментар