АМСМ апелира да не се користи автопатот Миладиновци - Скопје - Слободен печат
ВестиМакедонија

АМСМ апелира да не се користи автопатот Миладиновци – Скопје

Од АМСМ апелираат до сите возачи да не го користат автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци, кој се уште не е пуштен за сообраќај поради проверки од безбедносен карактер.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Како што соопшти АМС, попладнево на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до сите возачи да не го користат автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци, кој се уште не е пуштен за сообраќај поради проверки од безбедносен карактер.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close