АМС поднесе кривична пријава за раководството на ФФМ

Агенцијата за млади и спорт (АМС) одлучи битката со водечките луѓе во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да ја крене на повисоко ниво, поднесе кривична пријава против актуелниот претседател Муамер Сејдини, поранешниот Илчо Ѓорѓиоски и против неколку членови на Управниот одбор. АМС поднесе кривична пријава и против претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини.  Сите тие се тужат за Злосторничко здружување, злоупотреба на службената должност и овластување и фалсификување на истрага.

„Во периодот по 29.07.2012 година Ѓорѓиоски, тогашен претседател на ФФМ, избран е на вонредно Генерално собрание на кое е одржан и усвоен и Предлог статут подготвен од работна група на ФИФА, УЕФА и ФФМ на незаконит начин. Тој при спроведување на истиот во Централен регистар наместо да го спроведе законски донесениот статут на собранието на ФФМ врши незаконито променување на содржината на Стаутот и го додаваат членот 37 со следниот текст:

Комисијата за верификација на регистрација на фудбалери и клубови на ФФМ-Редакциски одбор на Макфудбал ги верификува регистрирањата на клубовите и фудбалерите, фудбалерите во мал фудбал и фудбал за жени и ги објавува сите одлуки на органите на ФФМ. Таа комисија се состои од претседавач, заменик претседавач и три члена кои по промената на членот 37 се менуваат за еден број и се зголемуваат за плус еден член“, стои во пријавата, поднесена до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

 

Видео на денот