Ампева од „Гласен текстилец“: Задоволна сум покачувањето на минималната плата, но остануваат уште многу предизвици

Претходно, појаснува Ампева, немаше ни минимална плата, туку само учинок за текстилните работнички, бевме дискриминирани по секој основ.

Сè уште ситуацијата не е најдобра. Но согласно нашите ингеренции, имајќи предвид дека ова е ситуација која што се таложела 30 години, сметам дека имаме направено доволно, вели Кристина Ампева, претседателка на здружението „Гласен текстилец“ во телефонско јавување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Имаме ратификувано конвенции, потпишани документи, ставени се во закон и има поголем слух од страна на институциите. Но сè уште не е доволно. Морам да кажам дека сум супер задоволна од покачувањето на минималната плата. За овие три години неколкупати се покачи- вели Ампева.

Претходно, појаснува Ампева, немаше ни минимална плата, туку само учинок за текстилните работнички, бевме дискриминирани по секој основ.

-Значи уставно дискриминирани беа со години. Можам да кажам дека во тој дел се променети работите, но остануваат уште предизвици- рече Кристина Ампева, претседателка на здружението „Гласен текстилец“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот