5 C
Скопје

Ампева од „Гласен текстилец“: Каде се парите од субвенциите кои ги зедоа фирмите, а не им ги дадоа на вработените?

Имаше 300 компании кои воопшто не исплатиле плата и над 7000 компании кои исплатиле под минималната плата- потенцира Ампева.

Каде завршија парите што стотици компании ги зедоа како субвенции, а не им дадоа плати на вработените, прашува Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“, коментирајќи ја најавата за нова владина помош за поддршка на стопанствениците за исплата на плати.

-На Влада бил утврден Законот за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година од Ковид економските мерки. Сега оди на Собрание и таму да биде изгласан. Немам ништо против поддршката на стопанството. Но, пред тоа Владата треба да даде одговор до каде е ситуацијата со претходно злоупотребената финансиска поддршка која беше наменета за работниците. Имаше 300 компании кои воопшто не исплатиле плата и над 7000 компании кои исплатиле под минималната плата- потенцира Ампева.

Нема нови пари за газдите кои ја злопотребија државната помош

Таа порача дека неодговорно е да се најавува нова финансиска поддршка, без да се дадат одговори што стана со оние што ја злоупотребија претходната државна помош.

Бар ТВ21 се заинтересира за темава. Одговор за жал, не добиле. "Прашавме во Владата, која синоќа назначи неколку…

Publiée par Кристина Ампева sur Vendredi 23 octobre 2020

-Да се разбереме, државниот буџет е на народот, политичарите не го донеле од дома. Кредитите ги враќа повторно народот, а не политичарите. Затоа нова финансиска поддршка без претходно да ни се дадат одговори што стана со злоупотребите на наменски буџетски средства од претходните мерки, е нефер, нетранспарентно и неодговорно- посочува Ампева.

ССМ бара отчет од УЈП за исплатените 14.500 денари: Фирми во свој џеб ја ставиле помошта за платите на работниците

Прочитајте и...  Вархељ: Разгледуваме решенија за долгот на Црна Гора

Поврзани вести

Нов Зеланд може целосно да го забрани пушењето за родените после 2004 година

Слободен печат

Собранието утре продолжува со 32. и 36. седница

Слободен печат

Балкански либерали: ЕУ итно да ги осуди идеите за прекројување на Западен Балкан

МИА

Бубрезите од донорот на срцето ќе се трансплантираат денеска, коските во наредните денови

Слободен печат

Русија испрати 15 воени бродови во Црно Море

Слободен печат

Новомаалци разочарани од соседите од Градски ѕид

Слободен печат

Остави Коментар