Ампева: Низа прекршувања на работничките права во реалниот сектор

кристина ампева гласен текстилец
Кристина Ампева „Гласен текстилец“/ Фото: МИА

Да не се воведените вонредни мерки, оваа година македонската јавност ќе можеше да види поголема сплотеност меѓу синдикатите и невладиониот сектор кој работи на работничките права, истакна Кристина Ампева, од невладината „Гласен Текстилец” од Штип, чии активисти денеска не излегоа на протест.

-Мислам дека ова ќе беше еден убав марш, но тоа е што е. Остануваме сите дома да се држиме до препораките на Владата. Меѓутоа, како здружение, како и со останати активисти направивме една иницијатива, за да дадеме една порака до вработените преку изработка на спотови, кои ќе се видат на социјалните мрежи, вели Ампева.

Таа за МИА вели дека и денеска на 1 мај на Денот на трудот некои работници се на своите работни места во конфекциите и фабриките. Во услови на пандемија НВО „Гласен Текстилец” забележале низа на прекршување на работничките права во реалниот сектор, меѓу кои и доцнење на исплатата на платите на работниците, како и присилување на работниците да потпишуваат спогодбени откази, а се исплаќа и плата под зкаонскиот минималец.

-Многу, многу се кршат работничките права, ако во месец март тоа особено беше изразено, во текот на април внимаваме само за исплатата на плати, бидејќи голем дел на оние вработени, кои беа опфатени со времените мерки, за родителите со мали деца, бремените жени, хронично болните им е исплатена плата под минималната. Мило ми е што регионалниот инспектора за труд, овде во Штип реагира итно, веднаш за цел источен регион. Така да им се наложува на работодавачите да ја дотираат сумата до минималната плата. Што мислам дека оваа соработка со инспекторатот во моментов е од најголема корист, полза, вели Ампева.

Смета дека најголемите кршена на работничките права во услови на пандемија се прават со големиот број на издадени дозволи на работници за време на полицискиот час. Ампева вели дека овие дозволи се штанцаат, а имале случај во Делчево кога инспектор посетил една фабрика и укажал дека не смее да се работи повеќе од работното време и дека работниците мора да заминат по реализираното осум часовно работно време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот