Ампева: Мора да прекине праксата на консултација само со бизнисмените, се штанцаат доволи за прекувремена работа

кристина ампева гласен текстилец
Кристина Ампева „Гласен текстилец“/ Фото: МИА

Во цела оваа ситуација, морам да кажам дека воопшто не се консултирани синдикатите и невладините оргнаизации. Јас разбирам дека стопанството трпи од оваа криза, но мора да се стави акцент и на вработените. веќе се случија откази во месец март, за кои што се уште се обидуваме да најдеме заедничко решение како да им се излезе во пресрет на овие луѓе, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“  од Здружението „Гласен Текстилец“, во врска со новите мерки од Владата.

Да се променат приоритетите при консултација за преземање нови економски мерки во борбата со последиците од Ковид-19.

-Мора да прекине Министерството за финансии да се консултира само со бизнисмените, работодавачите, Сојузот на стопански комери. Повторувам до сега воопшто не немаат консуилтирано. Со новава мерка не сфаќам која е поентата да носите одлуки кои што ќе паѓаат исклучиво и единствено на товар на работниците. Се штанцаат дозволи за движење надвор од работен час, се со цел прекувремена работа и оптоварување на работниците, додава Ампева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот