
Аморим: Не сум загрижен за себе, загрижен сум за позицијата на табелата
Изгледа дека ова ќе биде сезона за заборав за фудбалерите на Манчестер јунајтед, овојпат „црвените ѓаволи“ овојпат во Премиер лигата загубија од Тотенхем.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Бројните проблеми со повредите, како и лошата реализација беа главните причини за новиот пораз. За настапот на натпреварот проговори и Рубен Аморим, тренерот на Манчестер јунајтед:
– Тоа беше најголемата разлика. Тие погодија, ние не. Имавме шанси за гол, нападнавме малку посилно во првото полувреме. На крајот, погодија, ние не. Во некои ситуации моравме да ризикуваме, најтешко е да создадеме прилика за гол. Денеска создадовме шанси, но мора да ги искористите ако сакате да победите – изјави Аморим.
На прашањето дали е загрижен за својата позиција поради лошите резултати, Аморим вели:
– Не сум загрижен. Ги разбирам нашите навивачи, ги разбирам луѓето и медиумите кои размислуваат за тоа. Сакам да го завршам првенството на вистински начин, не сум загрижен за себе, за клубот, за играчите, за тимот. Мразам да губам, тоа е најлошото чувство. Не размислувам за други работи. Она што најмногу ме загрижува е нашата позиција на табелата. Не сум загрижен за себе – вели Аморим.
Манчестер јунајтед моментално е на 15 место во Премиер лигата со 29 бодови, 12 повеќе од Ипсвич таун и Лестер сити кои се во опасната зона за испаѓање, а Саутемптон е на последната 20 позиција со девет бодови.