Амнести ја обвини американската полиција за кршење на човековите права
САД го преплави бран протести по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд при полициското приведување во Минесота.
Амнести Интернешнал ја обвини американската полиција за кршење на човековите права за време на неодамнешните антирасистички протести во САД.
Во извештајот објавен во вторникот, Амнести вели дека полицијата во повеќе наврати користела физичка сила, агресивни хемиски средства како солзавец и бибер спреј и „помалку смртоносни“ проектили како гумени куршуми, за да ги растера мирољубивите протести.
Според извештајот, неодамнешните настани ја зголемија загриженоста „во поглед на правата на живот, на безбедноста на лицата, на еднаква правна заштита, на слобода од дискриминација и слобода на изразување и мирољубиви собири“.
Организацијата за човекови права наведува 125 независни „инциденти, непотребна или прекумерна употреба на сила за враќање на редот“, во 40 држави и во главниот град.
Агентите за спроведување на законот наводно не само што ги напаѓале демонстраните кои мирно протестирале туку на претставниците на медиумите и медицинскиот персонал на улица со „физичка сила, хемиски средства, проектили со кинетички удар и проиволно ги апселе и притворале“, стои во извештајот кој повикува на построги мерки и процесуирање на сторителите на полициско насилство.
САД го преплави бран протести по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд при полициското приведување во Минесота.
Иако протестите главно беа мирно, американскиот претседател Доналд Трамо во големите градови како Портланд во Орегон распореди сојузни агенти, предизвикувајќи критики поради неразумна употреба на сила.
Според Амнести, повеќе од 1000 луѓе се убиени во полициско насилство секоја година во САД иако за ова нема официјални бројки.
Според статистиката, диспропорционало поголем е бројот на црнечките жртви.