Амнести интернешнл: Во Харков руските сили користат забранета касетна муниција

Уништена зграда од руското гранатирање на Харков/Фото: EPA-EFE/VASILIY ZHLOBSKY

Последните анализи спроведена од Амнести интернешенл потврдуваат широка употреба на забранета касетна муниција во борбите за Харков, во североисточна Украина.

Британскиот јавен сервис Би-Би-Си пишува дека во реонот на Харков се убиени стотици цивили токму при неселективно гранатирање извршено од руските сили со употреба на касетна муниција.

Експертите на Амнести интернешнл на чиј извештај се повикува Би-Би-Си тврдат дека се пронајдени докази дека руските сили повеќепати користеле касетни бомби „9N210 / 9N235″, како и распрскувачка муниција односно ракети што по детонацијата исфрлаат помали мини што потоа експлодираат во временски интервали.

Според извештајот, обезбедени се видео-снимки од пет одделни локации каде е регистриран карактеристичниот, симетричен ефект на напади извршени со касетна муниција врз населени области на Харков.

Снимките ги анализирале тројца експерти за оружје, сите согласни дека се работи за напади извршени со контраверзното оруќје, јави Би-Би-Си.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот