Амнести интернешанл : Талибанците мачеле и убивале припадници на национално малцинство

 Авганистанските талибански бунтовници мачеле и убивале припадници на едно национално малцинство, откако неодамна го окупираа нивното село, соопшти меѓународната организација Амнести интернешанл (АИ).

Овој извештај дополнително ќе го зголеми стравот на Авганистанците дека талибанците, кои минатата недела ја презедоа власта во речиси целата земја, повторно ќе воспостават брутално владеење, иако тие го тврдат спротивното.
АИ наведува дека истражувачи на организацијата разговарале со сведоци во провинцијата Газни кои тврдат дека талибанците убиле девет мажи, припадници на малцинството Хазари, во селото Мундаракт, во периодот меѓу 4 и 6 јули. Според сведоците, шест мажи биле убиени со огнено оружје, а тројца биле измачувани до смрт.
– Бруталноста на тие убиства е потсетник на претходната власт на талибанците, од 1996 до 2001 година, и претставува „застрашувачки показател за тоа што може да донесе талибанското владеење”, изјави директорката на АИ, Агнес Каламар.
Организацијата предупредува на можноста да не се пријавени значително поголем број убиства, бидејќи талибанците го блокирале телефонскиот сообраќај во многу области се под нивна контрола.

Организацијата Репортери без граници изрази загриженост поради наводите дека талибанците во средата убиле член на семејство на авганистански новинар кој работел за германскиот медиум Дојче веле.

Пред денешните молитви, талибанските лидери ги повикаа имамите да апелираат на единство и да ги убедат граѓаните да не ја напуштаат земјата.

Исплашени од Талибанците, илјадници луѓе овие денови се обидуваат да го напуштат Авганистан, а некои излегоа на протести, кои новата власт насилно ги спречи.

Талибанците ветија дека нема да заведат страв и ќе ги амнестираат оние кои се бореле против нив во изминатите 20 години.

Иѕвор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот